23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат со заеднички контроли

МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат со заеднички контроли

gprs-fiskalni3333

Во рамките на редовните инспекциски контроли на МВР, УЈП и Државниот пазарен инспекторат, во изминатите три дена УЈП спроведе даночни контроли во 53 објекти од кои во 29 утврдени се неправилности во делот на фискализацијата.

Како што информираат од Управата за јавни приходи во Куманово, Липково и Опаје се извршени 11 даночни контроли, од кои во девет се утврдени неправилности, во скопските општини Центар и Чаир спроведени се 10 даночни контроли од кои во седум се утврдени неправилности, во скопски Сарај и Кондово осум при што неправилност се утврдени во четири, во Струга од осум даночни контроли во една е утврдена неправилност, во Тетово од 10 даночни контроли во осум се утврдени неправилност.

Контроли се спроведени и во Радовиш при што не е утврдена неправилност во спроведените шест.

Координираните контроли на трите институции кои се спроведуваат неколку пати во годината на целата територија на Македонија се насочени пред се кон ризични обврзници кај кои пазарниот инспекторат има сознанија дека не се почитува законот за пушење и не се почитува работното време, а УЈП во делот на регистрирањето на готовинскиот промет, наведуваат од УЈП.

Со цел легитимирање на ризичните обврзници, на пазарниот и даночниот инспекторат асистира и МВР кои имаат законски овластувања за идентификување на лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП