Вкупниот бруто надворешен долг на Хрватска на крајот на јули изнесувал 45,9 милијарди евра или 107 проценти од БДП во 2014 година.
Во структурата на долгот најголем дел им припаѓа на трговските друштва, чиј бруто надворешен долг од 18,4 милијарди евра сочинува 40,1 проценти од вкупниот долг, што е нивниот највисок релативен удел од октомври минатата година.
Следи секторот „општа држава“ чиј дел во вкупниот долг од 27,9 проценти го достигна највисокото ниво од февруари 2005 година.
Другите монетарни финансиски институции го намалија својот удел на 18,2 проценти.
На крајот на споменатиот месец, вкупниот надврешен долг на државниот сектор изнесувал 12,8 милијарди евра, што е за 1,1 проценти повеќе во споредба со претходниот месец (јуни).
На годишно ниво е забележан значителен раст на долгот од 1,3 милијарди евра.
Во однос на крајот на минатата година, надворешниот долг на Хрватска на крајот на јуни бил поголем за 108 милиони евра или 0,8 проценти, наведуваат медиумите.