7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е причината зошто црвеното месо е штетно за човекот

Ова е причината зошто црвеното месо е штетно за човекот

753185569545b3f42c770e012817148_orig

Многу се говори за штетноста на црвеното месо, но тоа сепак не е толку опасна намирница. Црвеното место всушност станува штетно во комбинација со бактериите од човечките црева. Ако тие не си ја вршат работата како што треба тогаш црвеното месо може до доведе до штетни последици.

Неодамнешната вест за црвеното мсто, во која беше наведено дека оваа намирница и не е толку штетна колку што се говореше во последните години, развесели многумина. Меѓутоа, радоста беше кратка бидејќи најновите истражувања покажуваат дека црвеното месо сепак не е добро за здравјето на срцето.

Експертите од клиниката во Кливленд појаснија дека комбинацијата на бактерии кои се наоѓаат во човековите црева и хранливите материи од црвено месо може да доведе до атеросклероза, односно до формирање на наслаги во артериите, што пак доведува до болести на срцето.

Иако човечкото тело произведува карнитин во количини доволни за производство на енергија, сепак постои ризик од срцеви болести и тоа поради овој вид на храна богата со Л-карнитин како црвеното месо. Што се поголеми количините на таквите намирници во организмот, толку се поголеми шансите за срцеви болести.

Како што појаснуваат експертите, Л-карнитинот не е проблем само по себе, но може да стане. Тоа зависи од начинот на кој бактериите си ја извршуваат својата функција во цревата, односно на кој начин го извршуваат процесот на варење на храната.

„Да се надеваме дека нашите откритија ќе помогнат во пронаоѓањето на начинот за спасување на таквото лошо делување на црвеното месо“, изјави др. Стенли Хазен од клиниката во Кливленд.

Експертите наведуваат дека црвеното месо не може да се нарече во целост штетно, но со неговите количини сепак не треба да се претерува. Тоа посебно важи за луѓето кои имаат дигестивни проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП