11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ не ја менува каматната стапка

ЕЦБ не ја менува каматната стапка

ecb3

Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја задржи основната каматна стапка на рекордниот минимум, за да види каков ќе биде ефектот од стимулациските мерки преземени во текот на летото.

Основната каматна стапка по која ЕЦБ им позајмува пари на другите банки ќе остане на нивото од 0,05 проценти.

Банката минатиот месец започна програма за откуп на имот, но беше изложена на притисок од преземените дополнителни мерки за да го поттикне економскиот раст во еврозоната.

Европската комисија пред два дена го намали прогнозираниот раст за еврозоната на само 0,8 проценти оваа година од претходно очекуваните 1,2 проценти.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги ќе одржи конференција за новинарите во текот на денот, а се очекува дека во таа прилика ќе ги најави и мерките кои би можеле да бидат преземени во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП