16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Германија до 2018

10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Германија до 2018

W

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле најави дека се предвидуваат 10 милијарди евра дополнителни јавни инвестиции во Германија до 2018 година, што ќе биде придонес за растот во ЕУ.

„Ќе и предложам на владата до 2018 година да спроведеме дополнителни јавни инвестиции во вредност од 10 милијарди евра, дополнително на она што веќе беше предвидено во коалициониот договор“, изјави Шојбле на конференцијата за новинарите во Берлин.

Германија е под притисок од своите меѓународни партнери дополнително да ја поттикне својата економија во ослабеното економско опкружување.

Тој изјави дека овие дополнителни трошоци нема да го доведат во прашање исполнувањето на целите за германските јавни финансии да се избалансираат до 2015 година.

Тој изјави дека земјата може да ги зголеми трошоците до 2015 година во мера во која се зголемуваат и приходите, и дека постои простор за маневар за дополнителни инвестиции. Објасни дека таа можност е предвидена со коалицискиот договор меѓу конзервативците и социјалдемократите.

На прашањето во кои сектори ќе бидат остварени тие инвестиции тој изјави дека ќе бидат насочени кон изградба, истражување и образование, сектори кои се прироритет но и во сообраќајната инфраструктура, наведувајќи ја конкретно железницата, за која значително ќе бидат зголемени трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП