5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на профитот и намалени ризиците за Societe Generale

Скок на профитот и намалени ризиците за Societe Generale

societe1

Француската банкарска групација „Societe Generale“ во третиот квартал евидентираше скок на заработката од 56,6 проценти на 836 милиони евра, надминувајќи ги очекувањата на аналитирачите, делумно благодарение на намалените трошоци поврзани со ризиците.

Банката наведува дека ги намалила средствата издвоени за покривање на лошите кредити на 642 милиони од 1,1 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

Нето приходите на групацијата се намалени за 1,8 проценти на 5,9 милијарди евра, со исклучок на новата проценка за долговите на групацијата, но оперативните приходи се зголемени за 82 проценти на 1,2 милијарди евра.

„Societe Generale“ го зголеми нивото на висококвалитетен капитал (Tier 1) во однос на вкупниот на 10,4 проценти на крајот на септември од 10,2 проценти во јуни и 9,9 проценти во септември 2013 година.

Во девет месеци заклучно со септември, нето профитот на банката е зголемен за 17,7 проценти на 2,2 милијарди евра, додека нето приходите се зголемени за 4,2 проценти на 17,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП