14 мај, 2025
ПочетнаКАРИЕРА7 начини да ги усогласите работата и приватниот живот

7 начини да ги усогласите работата и приватниот живот

poslovna-žena-490x326

Проверувањето на Фејсбук и смешните видеа оставете ги за паузата или за крајот на работното време, кога целата работа ќе биде завршена. Без оглед колку работа имате, паузата е задолжителна, а со малку труд се е можно да се постигне.

Дисциплина

Сите непотребни нешта и информации кои не се однесуваат на работата оставете ги за подоцна. Во спротивно, во канцеларијата ќе останете подолго од вообичаеното.

Не го прескокнувајте ручекот

Без оглед колку работа имате, паузата е задолжителна. Седете, јадете во мир, протегнете ги нозете и вратете се. Ништо нема да пропадне за тој половина час, а вие ќе се вратите попродуктивни и ќе ги обавите сите преостанати работи.

Пријатели

По работата најчесто не ни се прави ништо друго, освен заминувањето дома и спиењето, тоа со тек на време може да ве доведе до фрустрација и монотонија. Затоа, договорете се понекогаш по работното време да пиете кафе со пријателите. Овие разговори се секогаш забавни.

Мејлови

Одредете едно време во текот на денот кога нема да ги проверувате мејловите ниту пак ќе размислувате за работата. Ако тоа е невозможно баш секој ден, нека биде тоа викендот за почеток. На вашиот мозок му е потребен одмор, со цел да собере енергија за понатака.

Квалитетен сон

Мислиме на спиење подолго од 5 часа на ден. Запрашајте се зошто сте будни на полноќ и дали серијата кога ја гледате е вредна за вашиот замор, а наредниот работен ден исполнет со обврски е токму пред вас.

Вежбајте

Едно истражување покажало како луѓето кои вежбаат се попродуктивни на своето работно место од оние кои не го прават тоа. Исто така, тие се подобри во балансирањето на приватниот и деловниот живот.

Домашни работи

Нормално дека нема да имате време за чистење на станот во шест навечер, кога конечно сте се вратиле од канцеларијата. Но секој ден имате 15 минути време да ги ставите садовите во машина за садови, да исперете една машина алишта или накратко да поминете со правосмукалката. Големите и генерални чистења оставете ги за слободните денови, а во текот на работните денови средувајте мали работи, со овие навики домашните работи нема да заостануваат и генералните чистења нема да бидат толку тешки, па и во слободните денови ќе имате повеќе време за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП