17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена довербата на швајцарските потрошувачи

Намалена довербата на швајцарските потрошувачи

shvajcarija53v454gr

Довербата на швајцарските потрошувачи во националната економија се намали во месец октомври, па соодветниот индекс за потрошувачкото расположение кој на квартално ниво го пресметува Секретаријатот за економија (SECO) изнесувал минус 11 поени, во однос на минус еден поен во месец јули.

Најизразен пад имале подиндексите кои ја мерат довербата на потрошувачите во развојот на деловното опкружување, сигурноста на работата и очекувањата во поглед на стапката на невработеност, истакнува SECO.

Иако оценката на моменталната финансиска ситуација е стабилна во однос на претходната анкета, швајцарските домаќинства сметаат дека во наредните месеци нивниот капацитет за штедење ќе биде во опаѓање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП