15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на Adidas

Намален профитот на Adidas

adidas-store

Германскиот производител на спортска облека и опрема „Adidas“ во третиот квартал забележа пад на профитот, делумно поради неповолните девизни курсеви, но сепак ја задржа прогнозата за заработка за цела година.

Нето профитот во три месеци заклучно со септември е намален за 11 проценти на 282 милиони евра, профитот од работењето за 12,7 проценти на 405 милиони евра, додека приходите пораснале за 6,2 проценти на 4,11 милијарди евра, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во третиот квартал забележавме солидни резултати, со забрзан раст на клучните пазари“, изјави извршниот директор на компанијата Херберт Хајнер.

„Adidas“ ја задржа прогнозата за заработка во 2014 година, која предвидува нето профит од околу 650 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП