16 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Q3 и RS Q3 за 2015-та (фото+видео)

Audi Q3 и RS Q3 за 2015-та (фото+видео)

q3 audi

Три години по лансирањето на моделот „Q3“, „Audi“ го освежи својот најмал кросовер. Мали промени се забележани и кај спортската „RS Q3“ верзија, која е претставена во 2013-та.

„Audi“ е познат по дискретните промени при редизајнот и претставувањето на новите генерации на своите автомобили, па така дизајнот на моделот „Q3“ е минимално променет.

q3 audi1

Променета е маската на ладилникот која има засилена хромирана рамка, редизајниран е предниот браник, како и фаровите кои сега се стандардно опремени со „Xenon Plus“ технологијата и дневни „LED“ светла.

„Audi“ како опција нуди и т.н. „динамички“ покажувачи на правецот, со низа „LED“ светилки кои посетепено се вклучуваат и исклучуваат.

q3 audi2

Стилските промени на задниот дел се помалку впечатливи и ги опфаќаат стоп-светлата и долниот дел на браникот.

Покрај козметичките промени, „Audi“ ја подобри и економичноста на погонските единици.

q3 audi3

„Audi Q3“ зa 2015-та во понудата ќе има три турбо бензинци „TFSI“ и три турбо дизел „TDI“ агрегати. Од „Audi“ тврдат дека успеале да ја намалат просечната емисија на јаглерод-диоксид за 17 отсто во однос на досегашната палета на мотори.

Погонските единици имаат зафатнина од 1.4 и 2.0 литри, а распонот на моќта се движи од 120 ks дo 220 ks. Сите агрегати ги задоволуваат „Euro 6“ стандардите.

q3 audi4

Благодарејќи на технологијата која овозможува деактивација на поединечни цилиндри кога во текот на возењето нема потреба за дополнителна моќ, германскиот производител успеа да постигне значителна заштеда во потрошувачката на гориво на верзиите 1.4 TFSI и 2.0 TDI.

Споменатиот дизел воедно е и најекономичниот во новата гама на „Audi Q3“ со просечна потрошувачка од 4,4 l/100 km.

q3 audi5

Во врвот на понудата се наоѓа „Audi RS Q3“, кој исто така има редизајнирана надворешност.

Сепак, за купувачите уште позначаен е неговиот 2.5-литарски петцилиндарски „TFSI“ мотор кој е зајакнат за 30 „коња“ или на 340 ks, додека максималниот вртежен момент е зголемен за 30 Nm и сега изнесува 450 Nm.

q3 audi6

Преведено во забрзување, „RS Q3“ со подобрениот седумстепен „S tronic“ менувач од место до „стотка“ стигнува за 4.8 секунди, а претходно за тоа му требаше 5.5 секунди.

„Audi Q3“ ќе пристигне во продажните салони во Европа во февруари, а почетната цена ќе изнесува 29.600 eвра, додека „RS Q3“ ќе чини од 56.600 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП