28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстриски експерт ја подобрува конкурентноста на „Димче Мирчев“

Австриски експерт ја подобрува конкурентноста на „Димче Мирчев“

veles sklci

Австрискиот експерт, инжeнер за рударство Гунтер Кобалт од Виена со посредство на македонската Влада неделава е во посета на велешката фабрика за талк „Димче Мирчев“ каде со својата стручност треба да му помогне на менаџерскиот тим во процесот на производство и за поголема конкуретност на нивните производи.

Според неговите првични анализи, велешката фабрика има одлична суровина на шкрилец и талк и треба да го зголеми производството на производи од шкрилец кои првично би се пласирале на домашниот пазар и во земјите од регионот, а потоа и на европскиот и светскиот пазар.

„Сопствениците најпрво треба да направат свој бизнис план за пласман на шкрилецот со којшто ќе се побараат и странски инвеститори и заинтересирани партнери со кои ќе можат понатаму да го разработат овој проект“, истакна Кобалт.

Негова задача, како што појасни, ќе биде да ги провери и сите европски производители на шкрилец и да види какви се нивните размислувања за заедничко вложување со велешката фабрика.

Сопственикот Благој Шалев информира дека заедно со Кобалт ги посетиле двата рудника кои ги имаат под концесија и оти од негова страна е сугерирано дека треба да се вложува во шкрилецот.

„Со неговата стручна помош ќе направиме комплетен бизнис план, отпочнување на производство и барање на пазар и вистинскиот вид на производ којшто ќе го понудиме на европскиот и светски пазар“, истакна Шалев.

Австрискиот експерт и помогнал на компанијата и во начинот на експлоатација на шкрилецот, начинот на производство, набавката на нови машини и слично.

Фабриката „Димче Мирчев“ сега произведува шкрилец за ограничен македонски пазар, односно само по нарачка. Нивниот шкрилец е искористен за уредување на Вевчани, Бигорскиот манастир и други објекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП