23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД ја повика ЕЦБ да ја подржи еврозоната

ОЕЦД ја повика ЕЦБ да ја подржи еврозоната

money4

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја повика Европската централна банка (ЕЦБ) да ја зголеми поддршката за економијата на еврозоната.

Нејзиното забавување претставува ризик за глобалниот економски раст.

„Бидејќи економијата е многу слаба и постои опасност од дефлација, ЕЦБ би требало да ја прошири монетарната поддршка надвор од мерките кои ги најави и да иницира обемно купување на средства (квантитативно олабавување), се додека инфлацијата не го достигне посакуваното ниво“, наведува ОЕЦД.

Организацијата додаде дека стимулациите треба да вклучуваат и купување на државни обврзнити, што ЕЦБ досега го избегнуваше поради политичката тема за мешањето на централната банка во владините трошоци на Европа.

ЕЦБ поттикнувањата за економијата, со цел зајакнување на кредитирањето и инвестициите, досега ги обезбедуваше во вид на купување на обврзници обезбедени со имот и корпоративни обврзници.

Инфлацијата која во моментов е на ниво од 0,4 проценти е доста ниска од официјалната цел на ЕЦБ која изнесува нешто под два проценти, а во еврозоната владее загриженост дека би можело да дојде до дефлација.

ОЕЦД прогнозира дека економскиот раст на еврозоната оваа година ќе изнесува 0,8 проценти, а наредната 1,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП