6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: „Дуинг бизнис” на Светската банка е широко признаен и ние го...

ЕУ: „Дуинг бизнис” на Светската банка е широко признаен и ние го користиме

duing business222

Европската унија апсолутно ја признава и ја смета за повеќе од веродостојна ранг-листата “Дуинг бизнис” што ја прави Светската банка, каде се рангираат земјите што нудат најповолни услови за правање на бизнис.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова го потврди портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Схинас на прес-конференција во Брисел, како одговор на покренатите сомневања од индивидуалци во ЕУ, во однос на ранкингот што го прави Светската банка.

„Ранкингот “Дуинг бизнис” го прави Светската банка. Истиот е широко признаен и се применува и од многу наши секторски полики“, истакна Схинас, кој е и гласноговорник на новиот претседател на Еврокомисијата, Жан Клод Јункер.

Во рамки на неформалната Влада на Унијата, сомневањата во ранг-листата на Светската банка се третирани како лудост, бидејќи се работи за една од најмоќните финансиски институции на светот и рангирањето, кое се прави според многу економски параметри, се смета за апсолутно праведно и релевантно. А, како што е познато, последниот извештај “Дуинг бизнис” за 2015 година, што неодамна го издаде Светската банка, Република Македонија е рангирана на 30. место, со што земјата напредувала за 64 позиции во однос на изминатите девет години.

Според последниот извештај “Дуинг бизнис”, Македонија е најдобро рангирана во регионот и се смета за една од 20-те земји што спровеле најмалку три клучни реформи во изминатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП