12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПовторно одложување на Model X

Повторно одложување на Model X

x model

Компанијата „Tesla Motors“ објави дека остварила најдобар квартален продажен резултат во својата историја со 7.785 испорачани возила во третото тромесечие од 2014-та. Истовремено, беше соопштено дека лансирањето на кросоверот „Model X“ се одложува за другата половина од 2015-та година.

„Tesla Motors“ досега имаше многу успешна година. Компанијата прогнозира дека во 2014-та ќе ја завршат со 33.000 продадени автомобили, а во почетокот на октомври е претставен подобрениот „Model S“ со два мотори, погон на 4 тркала и автопилот.

Сепак, производителот на луксузни електрични автомобили, кој практично во понудата има само еден модел, му недостасуваат уште возила во гамата.

Иако уште во 2012-та година беше претставен концептот на „Model X“, продукциската верзија и натаму е во развојна фаза, а како стојат работите, на овој модел ќе мораме да почекаме уште најмалку осум месеци.

x model1

„Tesla Model X“ најпрво требаше да се најде на пазарот во 2013-та, но премиерата беше помесетена прво за 2014-та, па за почетокот на 2015-та, за сега компанијата да објави нов термин – третиот квартал од 2015-та.

Од „Tesla Motors“ наведуваат дека до одложување дошло со цел да бидат сигурни дека на купувачите ќе им понудат тоа што тие го очекуваат од овој производ – „квалитетен автомобил со кој ќе бидат воодушевени“.

„Model X“ e првиот кросовер на американската компанија, кој како и најновиот „Model S“ ќе има погон на сите четири тракала. Автомобилот е специфичен и по тоа што задните врати се отвораат нагоре, во силот на „галебови крила“ или како што во „Teslа“ ги нарекуваат – „крила на сокол“ (Falcon Wings).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП