Илјадници демонстранти се собраа денес во Брисел на протестот по повод намерите на белгиската влада да ја зголеми старосната граница за пензионирање, да ги ограничи платите и да ги намали инвестициите во јавните сервиси.

Со денешната средба во Брисел започна едномесечната кампања против либералната коалиција која го подржува слободниот пазар, а врвот ќе биде генералниот штрајк закажан за 15 декември.
Владата соопшти дека е принудена да спроведе остри мерки за штедење за да го задржи буџетскиот дефицит во границите пропишани со законот на ЕУ и инсистира дека на компаниите им е потребна поблага даночна политика за да бидат конкурентни на глобалниот пазар, пренесува агенцијата АП.
Синдикатите тврдат дека владините мерки ќе ги погодат работниците и општеството во целина.