2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Бонбон ноар“ на „Европа“ оргинални, одлучи српскиот суд

„Бонбон ноар“ на „Европа“ оргинални, одлучи српскиот суд

bonbon-noire

Стопанскиот суд во Белград неодамна ги отфрли обвинувањата на српски „Пионир“ според кои „Европа“ АД – Скопје наводно фалсификувала нивни бонбони.

„Тоа значи дека македонското претпријатие ќе може слободно и во иднина да го продава овој продукт во Србија затоа што сега има и судска одлука дека тој не е плагијат на „Негро“ на „Пионир“, се наведува во денешното соопштение.

Компанијата најавува тужба против „Пионир“ за изгубена добивка и за нарушен углед.

„Обвинувањата за фалсификат, запленувањето на стоката, како и поднесената пријава, беа настани во чие развивање „Европа АД“ немаше никаква улога. Нашата компанија со децении работи на српскиот пазар, каде што има долгогодишни, докажано лојални, купувачи. Тие самите знаат да го изберат вистинскиот квалитет, а со тоа што верно ги следат нашите производи истакнуваат дека и самите ја препознаваат разликата помеѓу плагијат и фалсификат, изјави Савка Димитрова“, претседател на Управниот одбор на „Европа“.

Од компанијата нагласуваат дека „Бонбон ноар“ на „Европа“ и Негро“ на „Пионир“ имаат различен состав. Содржината на бонбоните „Бонбон ноар“ е непроменета и во каталогот се внесени пред повеќе од три децении, односно од 1982 година. Под актуелната амбалажа бонбоните се продаваат од 2003 година и оттогаш се присутни и на српскиот пазар, посочуваат од „Европа“.

„Пионир“ поднесе тужба пред српските судови и бараше да се утврди дали „Европа“ го повредила жигот на компанијата и да се забрани производството, испораката, извозот, понудата и ставањето во промет на „Бонбон ноар“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП