15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВо Унгарија стартуваше производството на новиот Audi TT Roadster

Во Унгарија стартуваше производството на новиот Audi TT Roadster

audi tt roadster

Производството на новиот „Аudi TT – Roadster“ зa 2015-та година започна во фабриката на компанијата во Унгарија.

Новиот „TT“ ќе стане четвртиот модел кој се изработува во оваа фабрика, а главниот новитет на возилото претставува платнениот покрив кој се отвора/затвора за само 10 секунди при брзина до 50km/h.

Под хаубата на располагање ќе бидат три различни мотори: 2.0-литарски TFSI со 230 KS (169 kW) и 370 Nm; 2.0-литарски TDI со 184 KS (135 kW) и 380 Nm, a aко тоа не е доволно, „TT S“ ќе има 2.0-литарски „TFSI“ со турбо полнење кој развива 310 KS (228 kW) и 380 Nm.

Најмоќниот модел овозможува забрзување до „стотка“ за 4.9 секунди со електронски ограничената максимална брзина од 250 km/h.

Инаку во оваа фабрика на германскиот производител работат околу 4.000 луѓе кои од 2013-та, годишно произведуваат преку 100.000 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП