13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТројно зголемен профитот на Commerzbank

Тројно зголемен профитот на Commerzbank

datacommerzbankodpk093ur

Втората по големина банка во Германија, „Commerzbank“ во третиот квартал тројно го зголеми нето профитот.

Таквите резултати се постигнати благодарение на растот на приходите и намалувањето на резервите за покривање на загубите од ризичните кредити.

Банката наведува дека во три месеци заклучно со септември остварила нето профит од 225 милиони евра, во однос на 75 милиони од истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Профитот од работењето истовремено е зголемен на 343 од 103 милиони евра, а приходите се зголемени за 5,5 проценти на 2,4 милијарди евра. Трошоците за покривање на лошите кредити се намалени за 30,7 проценти на 341 милиони евра, наведува „Commerzbank“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП