20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ и ЕК незадоволни од реформите во Португалија

ЕЦБ и ЕК незадоволни од реформите во Португалија

portugal669863

Португалија потфрли во напорите да ја зајакне економијата со помош на структурни реформи, откако во јуни излезе од програмата за меѓународна финансиска помош, соопштија вчера Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската комисија (ЕК).

Португалија помина три години низ строги буџетски штедења, на кои се согласи во замена за странска помош, откако се најде во најсериозната економска криза од 1970-тите години, пренесува Ројтерс.

Економијата на Португалија започна да закрепнува во вториот квартал оваа година.

„Напредокот во структурните реформи го загуби замавот, а имплементацијата на мерките не е иста во сите области“, се наведува во заедничкото соопштение на ЕЦБ и ЕК“, чии претставници од 28 октомври до 4 ноември престојуваа во Лисабон поради проценка на реформите.

„Напорите да се намали структурниот буџетски дефицит исто така се намалени, а ризиците кои и се закануваат на краткорочната економска прогноза се поврзани, како со внатрешните, така и со надворешните фактори“, наведуваат институциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП