20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на продажбата на мало во еврозоната

Пад на продажбата на мало во еврозоната

evrozonabhg76it7tr7tt

Продажбата на мало во еврозоната во месец септември е намалена за 1,3 проценти во однос на месец август, во кој е забележан годишен раст од 0,6 проценти, соопшти Заводот за статистика Евростат.

Евростат ја намали претходната проценка за месечниот августовски раст од 1,2 на 0,9 проценти потврдувајќи го августовскиот раст на годишно ниво од 1,9 проценти, пренесува АФП.

Продажбата на мало е показател за побарувачката на домаќинствата, така што овие податоци ги потврдуваат предвидувањата на Европската комисија за стагнацијата на економијата на еврозоната во периодот од јули до крајот на септември по растот од 0,3 проценти во првиот квартал од оваа година и 0,1 проценти во вториот квартал во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП