21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИAirbus примил 794 нето нарачки

Airbus примил 794 нето нарачки

airbus4s46fg46gf464fga

Европскиот производител на авиони „Airbus“ од почетокот на годината до крајот на октомври забележа 1,080 бруто нарачки, односно 794 нето нарачки, и испорача вкупно 493 авиони.

Во соопштението на „Airbus“ се прецизира дека компанијата во периодот јануари-октомври испорачала 22 авиони од моделот „А380“ и примила 20 нарачки за овој авиони со голем капацитет, пренесува Ројтерс.

Долголинискиот авион од типот „А350“, чиј прв примерок треба да биде испорачан на „Qatar Airways“ до крајот на годината, исто така забележа бруто нарачка од 20 парчиња за 10 месеци од тековната година.

Како што се наведува, овие бројки не го опфаќаат договорот со индиската нискобуџетна компанија „IndiGo“ за 250 единици од моделот „A320neo“ по каталошка цена од околу 20 милијарди евра.

Со таа нарачакча, која би требало да биде завршена на средината на ноември, „Airbus“ значително ќе го надмине нивото на нарачки од 2014 година, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП