27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон може да ги уплати парите на рати

Лондон може да ги уплати парите на рати

londonew5f4ew4fe

Министрите за финансии од земјите во ЕУ веројатно ќе и овозможат на Британија да ги уплати парите во буџетот на Унијата на бескаматни рати, но ја одбиваат можноста за намалување на износот, изјавија денес официјалните претставници во Брисел.

Спорот околу барањето на Унијата Британија да уплати дополнителни 2,1 милијарди евра во заедничката каса го изложи британскиот премиер Дејвид Камерон под притисок од страна на домашните евроскептици во пресрет на изборите во мај следната година.

Камерон ги критикуваше технократите на ЕУ во врска со резултатите од оваа статистичка ревизија на финансиите во ЕУ.

Камерон во Парламентот минатата недела изјави дека нема да прифати ни приближна сума до сумата од 2,1 милијарди евра и дека нема да го испочитува рокот кој му е даден до 1-ви декември.

„Решението е исплатата да биде на рати, но Британија и понатака ќе мора да плати, затоа што ја потпиша статистичката ревизија во 2000 година“, изјави претставник на ЕУ кој не сакаше да биде именуван.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП