6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche вложува 450 милиони франци во Кина

Roche вложува 450 милиони франци во Кина

#上海张江药谷

Швајцарскиот фармацевтски гигант „Roche“ гради фабрика во Кина, со инвестиција од 450 милиони франци, со цел да одговори на зголемената побарувачка за дијагонстички производи.

Оваа сума се однесува за период од три години, а новиот погон ќе биде сместен во индустрискиот парк во градот Сужоу, со четири милиони жители, стотина километри од Шангај.

Во оваа филијала на „Roche“, која ќе вработи околу 600 луѓе, ќе се произведуваат дијагностички средства, како што се имуно-хемиски тестови, неопходни за биолошки клинички анализи.

Новиот погон на швајцарската компанија ќе биде нејзина осма дивизија во секторот за дијагностика во светот, и прва во рагионот Азија-Пацифик.

„Сигурни сме дека отворањето на новиот погон во Сужоу ќе овозможи раст на пазарот и ќе допринесе за глобалната конкурентност на нашата дијагностичка дивизија“, вели директорот за дијагностика, Ролан Дижелман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП