19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche Cayenne GTS зa 2015-та година (фото+видео)

Porsche Cayenne GTS зa 2015-та година (фото+видео)

gts cayenne

„Porsche“ продолжува со обновување на гамата на моделот „Cayenne“, па така претставена е новата „GTS“ верзија. Покрај стилските подобрувања, променет е и погонскиот систем, па сега „GTS“ сега развива 440 ks.

Со воведувањето на моделот „Cayenne“ во 2002-ра година, „Porsche“ влезе во дотогаш непозната територија на „SUV“ возила.

gts cayenne1

Иако многумина беа скептични на таквиот чекор на компанијата, времето и бројот на продадени автомобили покажуваат дека „Porsche“ направи одличен потег.

Без оглед дали станува збор за двосед или кросовер, „Porsche“ сака сопствениците на нивните модели да имаат чувство дека возат спортски автомобил.

gts cayenne2

„Porsche Cayenne GTS“ настана како израз на таквите настојувања, па редизајнираниот модел, исто како и претходникот, има пакет „Sport Design“ кој вклучува аеродинамички додатоци на крилата, праговите, како и четири издувни цевки и посебно дизајнирани 20-инчни алуминиумски бандажи.

Во споредба со стандардниот модел, променета е и суспензијата, па така автомобилот е понизок за 20-24 mm.

gts cayenne3

Во внатрешноста се истакнуваат навлаки во комбинација на кожа и „Alcantara“ и „GTS“ ознаки на потпирачите за глава.

Спортските карактеристиките во целост се дополнети со новиот мотор. Наместо 4.8-литарскиот „V8“ агрегат, кој во претходната „GTS“ верзија  произведуваше 420 ks, тука е новиот 3.6-литарски „V6 twin-turbo“ со 440 ks (332 kW) и 600 Nm максимален вртежен момент.

gts cayenne4

Благодарејќи на новиот мотор, „Cayenne GTS“ е во состојба да забрза од 0 дo 100 km/h зa 5.2 секунди, односно за 5.1 секунди со изборниот „Sport Chrono“ пакет. Максималната брзина во двата случаи е 262 km/h.

Porsche Cayenne GTS“ зa 2015-та ќе има премиера на претстојниот саем во Лос Анџелес, а во продажните салони ќе пристигне во февруари. Почетната цена на германскиот пазар ќе изнесува 98.152 eвра.

Погледнете како „Cayene GTS“ се покажа во возење на патека, а автомобилот за „Porsche“ го тестираше поранешниот светски првак во рели, Валтер Рерл:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП