3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајплатената жена во музичката индустрија со 115 милиони долари заработка

Најплатената жена во музичката индустрија со 115 милиони долари заработка

Beyonce-660x330

Американската пејачка Бијонсе е најдобро платената жена во музичкиот свет во 2014 година, со проценета заработувачка од 115 милиони долари, што е повеќе од двојно од она што го заработила минатата година, објави Форбс.

Овој огромен износ, од кој поголемиот дел е заработен на светските турнеи, ја подобри позицијата на Бијонсе (33) од четвртото место минатата година и ја рангираше далеку пред поп ѕвездата Тејлор Свифт (24) и нејзините 64 милиони долари, која скокна едно место од минатата година на позицијата број 2.

Бијонсе изведе 95 настапи во овој период заработувајќи просечно по 2,4 милиони долари во секој град во кој настапила„, пишува Форбс.

Минатогодишната број 1 заработка на Мадона (54) во 2014 година не успеа да се рангира во првите 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП