18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на ДПИ Миноски на генерално собрание на „Prosafe“

Директорот на ДПИ Миноски на генерално собрание на „Prosafe“

prosafe3

Mакедонското искуство во надзорот на пазарот ќе биде презентирано на генералното собрание на „Prosafe“ – европска организација за надзор на пазарот“, од страна на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Кирил Миноски.

Главна тема на дводневното собрание е „Градење на идниот надзор на пазарот денес”, а учествуваат претставници на 29 земји членки на Европската унија и земји кандидати.

Од Државниот пазарен инспекторат соопштуваат дека при престојот во Германија, во Министерство за труд и социјална политика во Дизелдорф ќе се дискутира за начинот на организацијата на надзорот на безбедноста на производите.

„Целта на посетата, што се организира со поддршка на Германската агенција за техничка соработка ГИЗ, е да се разменат искуства и да се добијат информации за трендовите во делот на надзорот на пазарот, со акцент на безбедноста на производите“, соопшти Државниот пазарен инспекторат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП