3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМоже ли да се запре падот на рубљата?

Може ли да се запре падот на рубљата?

rubljarub4902380uru9ud9ud98u

Руската рубља падна на историски ниско ниво, а централната банка соопшти дека ќе ги ограничи интервенциите за да го спречи падот на валутата поради украинската криза.

Едно евро утринава изнесувало 55,36 рубљи, а еден долар 44,98 рубљи.

Руската валута од почетокот на годината загуби една четвртина од својата вредност поради украинската криза и западните санкции кои се се потешки за руската економија, но и поради масовниот одлив на капитал.

Руската централна банка соопшти дека дневно ќе интервенира со 350 милиони долари и ќе се откаже од неограничената продажба на девизи. Таа најавува дека ќе оди дури и подалеку во случај на „закани за финансиската стабилност“.

Банката само минатиот четврток интервенираше со околу 2,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП