„Audi“ објави видео во кое новиот шеф на дизајн на оваа компанија, Марк Лихте, ги открива првите детали од надворешноста на концептот „A9“, пред официјалната премиера на овој автомобил.
Германскиот производител прво накратко не запознава со својот нов главен дизајнер, кој објаснува од каде потекнува неговата страст за автомобилите и кои модели од историјата на компанијата најмногу го инспирирале.
Иако видеото не открива премногу, може да се види дека „А9“ има агресивен преден дел и спортски линии:
Компанијата со овој концепт воедно го најавува и дизајнот на своите идни модели, а што се однесува до самиот „Audi A9“, претходните информации говорат дека продукциската верзија ќе биде поставена на „MLB Evo“ платформата.
Како еден од моторите се споменува 4.0-литарскиот „V8 twin-turbo“ мотор со околу 600 ks.
Концептот „Audi A9“ ќе има премиера на 18-ти ноември на саемот во Лос Анџелес, додека сериската верзија најверојатно ќе биде претставена во 2017-та година.