20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСитуацијата во еврозоната е чувствителна

Ситуацијата во еврозоната е чувствителна

merkel_1858936c

Ситуацијата во еврозоната и понатака е екстремно чувствителна и Германија нема да позајмува дополнителни пари за инвестирање, соопшти канцеларката на оваа држава, Ангела Меркел, со што им се спротивстави на притисоците на одделни партнери да го поттикне економскиот раст.

„Значаен економски напредок е остварен во еврозоната по должничката криза во овој блок на земји“, изјави Меркел.

Таа потсети и на Ирска, Поругалија, Шпанија и Грција, земји кои ја довршија програмата за примање на финансиска помош или се блиску до завршувањето.

Според нејзините зборови, ситуацијата во еврозоната и понатака е екстремно чувствителна..

Меркел додаде дека структурните реформи се неопходни во одделни земји. Европската комисија (ЕК) претходно објави дека на еврозоната ќе и биде потребна уште една година за да достигне барем умерено ниво на економски раст, со очекуваната ниска инфлација и високата стапка на невработеност во наредниот период.

Германија ја намали својата прогноза за раст за оваа година на 1,2 проценти, а за наредната на 1,3 проценти, што се должи на умеренот глобален раст и меѓународните кризи. Претходно беше прогнозиран раст од 2,0 проценти, односно 1,8 проценти во наредната година.

Меркел изјави дека германската економија е стабилна, но дека меѓународните пазари, како што е кризата во Украина, нанесуваат штета на одделни германски компании, со што како последица се јавува неизвесната деловна клима.

Таа смета дека е важно да се зачува кредибилитетот на европските правила за дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП