26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајскапиот седан на Porsche (фото)

Најскапиот седан на Porsche (фото)

 

naj panamera nas

Моделот „Panamera Exclusive Series“, чини 263.900 долари, и ќе биде најскапиот седан на „Porsche“. Поточно за над 63.000 долари!

Следниот најскап модел на „Panamera“ чини 200.500 долари, а тоа е моделот „Turbo S Executive“ кој е продолжена верзија на стандардниот модел „Turbo S“.

naj panamera1

Лускузниот модел „Panamera Exclusive Series“, кој се очекува да дебитира овој месец на автомобилскиот саем во Лос Анџелес, е најблиску нешто до луксузна лимузина што досега „Porsche“ ја има замислено. Многу од работите во новиот модел се изработени рачно, а возилото ќе располага и со доста нови работи со кои ќе се разликува од обичниот „Turbo S Executive“, врз која е базиран.

Во додаток на продолжената шасија, која обезбедува дополнителен простор, „Exclusive Series“ исто така ќе биде во две бои – црна и кафена.

naj panamera2

Автомобилот ќе се движи со 5.7-литарски турбо мотор со максимална моќност од 570 коњски сили, со кој е опремен и моделот „Panamera Turbo S“.

„Exclusive“ моделот ќе има и специјално изработени 20-инчни тркала од „Porsche“, кои се нарекуваат името „Sport Classic“. Она што навистина го разликува „Exclusive Series“ од останатите седан модели на „Porsche“, е луксузниот кожен ентериер.

naj panamera3

Возејќи се на задните седишта, патниците ќе можат да уживаат во новиот систем „Porsche Rear Seat Entertainment Plus“. Системот вклучува два 10-инчни екран осетлив на допир со интегрирани камери и DVD, дозволувајќи им на патниците да имаат корист од целосен сет за бизнис и забава.

За обожавателите на „Porsche“, на кои им се допаѓаат нарачаните чанти за багаж, „Exclusive Series“ нуди кожен комплет од 5 дела, дело на „Poltrona Frau“.

naj panamera4

„Porsche“ ќе произведе само 100 примероци од моделот „Exclusive Series“, а секој од нив ќе има индивидуален број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП