4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на најголемата банка во еврозоната

Скок на најголемата банка во еврозоната

Santander bank branch

Најголемата банка во еврозоната според пазарната вердност, шпански „Santander“, во третиот квартал забележа скок на профитот од 52,1 oтсто.

Нето профитот на банката скокна во трите месеци заклучно со септември на 1.6 од 1.06 милијарди евра колку што имаа во истиот период од минатата година.

Во деветте месеци заклучно со септември, нето профиот е зголемен за 31.7 отсто или на 4.36 милијарди евра, иако приходите во дадениот период се намалени за 0.3 проценти или на 16.75 милијарди евра.

„На трите клучни пазари, во Шпанија, Британија и Бразил, бележиме раст на профитот од почетокот на годината, што се нема случено од 2009-та“, наведуваат од банката, а притоа додавајќи дека до крајот на годината планирале да ги намалат трошоците за 750 милиони евра, но таа цел ја оствариле веќе до крајот на септември.

„Santander“ поради таа причина ги ревидираше целите, па сега во 2014-та година очекуваат заштеда од милијарда евра.

Банката додава дека уделот во ризичните кредити во третиот квартал е намален на 5.28 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП