20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродолжуваат возбудувањата во ЛШ

Продолжуваат возбудувањата во ЛШ

ls 00

Точно во 20:45 часот ќе започнат денешните осум средби од четвртиот круг во групната фаза од Лигата на шампионите. Претстои да бидат одиграни натпреварите во групите “Е”, “F”, “G” и “H”, па повторно не очекуваат спектакуларни судири.

Најголем интерес повторно предизвикува средбата меѓу Баерн и Рома. Актуелниот шампион на Германија им нанесе на „волците“ понижувачки пораз од 1:7 среде Рим. Италијанскиот тим, сепак е амбициозен тоа да го надомести на денешниот натпревар на „Алијанц Арена“.

Во другиот натпревар од групата Манчестер Сити е должен да ги бара трите бода како домаќин на на ЦСКА Москва. „Граѓаните“ се уште немаат победа во ова натпреварување, па освен победа на денешниот дуел, друго се може да ги помати нивните сметки за продолжување во 1/8-финалето.

Во група “H” пак претстои нова епизода на „пиренејското“ дерби меѓу Атлетик Билбао и Порто. Домаќините се на дното на табелата со само 1 поен до моментов и победата денес е задолжителна, ако сакаат да продолжат понатаму во ова натпреварување. Порто, пак, води на табелата во групата и со евентуалниот успех дури може да си ја запечат визата за 1/8-финалето, во зависност од развојот во другиот натпревар меѓу Шахтјор и БАТЕ Борисов.

Сите денешни дуели:

Манчестер Сити – ЦСКА (Москва)

Баерн – Рома

ПСЖ – Апоел

Ајакс – Барселона

Спортинг (Лисабон) – Шалке 04

Марибор – Челзи

Шахтјор (Донецк) – БАTЕ (Борисов)

Атлетик (Билбао) – Порто

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП