12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикозија е задоволна од прогнозите на ЕК за кипарската економија

Никозија е задоволна од прогнозите на ЕК за кипарската економија

kipar nikozija

Кипарската Влада изрази задоволство од прогнозите на Евроската комисија за економијата на островската држава за оваа година, изјави портпаролот на Владата Никос Христодулидис.

„Напорите на Владата веќе почнуваат да ги даваат посакуваните резултати, рецесијата помина, невработеноста е во процес на пад, јавните финанснии се под контрола и можеме со оптимизам да гледаме во иднината“, истакна портпаролот.

Христодулидис ја потенцира одлучноста на Никозија да продолжи стриктно да се придржува кон имплементирањето на реформите за целосно закрепнување на кипарската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП