17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСивата економија во Шпанија 23 проценти од БДП

Сивата економија во Шпанија 23 проценти од БДП

shpanija6

Сивата економија, дополнително поттикната од кризата, изнесува околу 23 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на Шпанија, што е еквивалент за четири милиони вработени, наведува Заводот за статистика од Мадрид.

Ова е далеку поголем процент отколку во останатите европски земји. Во Германија тој удел изнесува 15 проценти, а во Франција и Холандија по 11 проценти, пренесува АФП.

Шпанската држава годишно губи помеѓу 60 и 80 милијарди евра поради даноците и работата на црно, проценува Националниот завод за статистика.

Покрај тоа, сивата економија создава нелегална конкуренција на легалните претпријатија и ја зголемува нивната неефикасност.

Заработката на црно надминува 11 проценти од БДП, а бројот на лица кои работат непријавено се движи околу 1,85 милиони.

Тоа е поголем процент отколку во Германија, каде тој изнесува 7,9 проценти, во Франција 6,9 проценти и во Холандија 4,2 проценти.

Најмногу работат на црно лицата кои останале без работа, како и младите од 15 до 34 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП