3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудии за климатските промени врз земјоделството

Студии за климатските промени врз земјоделството

zemjodelstvo98433

Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска ќе презентира студии кои се фокусирани на ефектите на климатските промени врз македонскиот земјоделски сектор и на нивното негативно влијание врз сточарството.

Целта на двете студии е да ги едуцираат сите засегнати страни за очекуваните ефекти од климатските промени врз земјоделските култури и анималното производство и да ја истакнат потребата од преземање итни мерки за прилагодување. Студиите ќе обезбедат корисни информации за идните иницијативи за адаптација во земјоделскиот и сточарскиот сектор и ќе послужат како релевантен документ во креирање на политики поврзани со климатските промени.

Тригодишниот проект на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, започна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на Република Македонија. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да се адаптираат кон климатските промени и да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина. Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од струмичко и гевгелиско – земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание од климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП