3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-австриски бизнис форум

Македонско-австриски бизнис форум

mak-av-biz-forum

Во организација на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Австрија денеска во Скопје ќе се одржи Бизнис форум на кој ќе присуствуваат компании од Австрија.

Ќе бидат присутни компании од градежништвото и инфраструктурата, вода за пиење, отпадни води, наводнување, одводнување, атмосферски води, патна и железничка инфраструктура, особено поставување на безбедносни системи, бариери за заштита од бучава и сообраќајни знаци, системи за сигнализација и автоматизација за железници, санација на патна инфраструктура, заштита на мостови на иновативен начин и др.

На форумот ќе се обратат Герхард Шлатл, трговско аташе во Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Македонија и Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП