21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Mustang RTR со 735 ks (фото)

Ford Mustang RTR со 735 ks (фото)

rtr mustang3

„Ford“ ја претстави подобрената верзија на новиот „Mustang“, кој во својата најмоќна верзија под хаубата ќе има 735 „коња“.

На саемот за специјално доработени автомобили во Лас Вегас (SEMA 2014) кој стартува денеска, „Ford“ ќе ја претстави најновата верзија „Mustang RTR“, наменета на оние кои од овој автомобил сакаат нешто повеќе од тоа што може да го понуди продукцискиот модел.

rtr mustang

На купувачите ќе им биде понуден пакет на аеродинамички додатоци, кои меѓу останатото вклучуваат нов преден и заден спојлер, заден дифузор, нова маска на ладилникот…

На располагање се и механички подобрувања, како што е системот за суспензија со прилагодливи амортизери или новиот спортски издувен систем.

rtr mustang1

За оние кои се импресионирани од моќта на моторот, „Ford“ го модифицираше 5.0-литарскиот „V8“ агрегат.

Oвој мотор, кој во сериската верзија „Mustang GT“ произведува 426 ks, зa потребите на „Mustang RTR“ со помош на компресор развива дури 735 ks.

rtr mustang2

Во понудата ќе се најде и моќниот 2.3-литарски „EcoBoost“, но од „Ford“ не соопштија за неговата моќ. Во стандардната верзија, овој агрегат развива 309 ks.

По саемот во Лас Вегас, „Mustang RTR“ ќе пристигне во продажните салони на „Ford“ ширум светот во јануари 2015-та.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП