18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзаири: „Југохром“ има сериозен план за исполнување на еко стандардите

Изаири: „Југохром“ има сериозен план за исполнување на еко стандардите

jugohrom 3905

Владата во наредните шест месеци будно ќе го следи процесот на спроведување на оперативниот план за воведување еколошки стандарди од страна на „Југохром“ и доколку не го реализира капацитетот ќе биде затворен.

Ова денеска го изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изири при денешна посета во Тетово.

„Фирмата има сериозен план за исполнување на методологијата за заштита на животната средина, а согласно договорот тие треба да задржат најмалку 110 вработени и да го намалат производството за 50 отсто во овој период. Оперативниот план на „Југохром“ содржи основен проект, време и рокови што се усогласени со Министерството и сметам дека тие интезивно ќе пристапат за негово спроведување што ние ќе го контролираме и месечно“, истакна министерот Изаири.

Според него, ова е сериозен чекор за воведување на еколошки ред бидејќи по 31 октомври Југохром наместо 85 мегавати струја согласно планот има дозвола да троши 45 мегавати, а токму ова намалување на производството ќе придонесе загадувањето да се намали за 70 отсто.

„Нивниот оперативен план е сериозно решение што треба да се спроведе, а ние сериозно ќе го следиме процесот“, рече министерот за животна средина.

Тој побара и поголема заложба од општинските власти во воспоставувањето поголем ред во сообраќајот, затоплувањето и издавањето на Б еколошки лиценци на фирмите што е во надлежност на локалната самоуправа со цел да се придонесе повеќе во намалувањето на загадувањето, бидејќи како што рече, на надлежното министерство останува укажувањето за мерките и политиките што треба да се спроведат во овој правец додека општините се тие што треба тоа да го направат со конкретни мерки на терен.

Владата одлучи „Југохром“ да добие нови шест месеци за воведување на еколошките стандарди при што беа земени предвид освен еколошките аспекти во случајот на Југохром предвид да бидат земени и социоекономските услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП