10 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКолку навистина вреди Ferrari?

Колку навистина вреди Ferrari?

ferrair_2

Групацијата „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA) неодамна најави дека ќе го одвои „Ferrari“ во посебна целина и ќе понуди продажба на 10 проценти од акциите на компанијата со цел да стигнат до свежи пари за нови инвестиции. Меѓутоа, се поставува прашањето колку „Ferrari“ вреди на пазарот?

Доколку го запрашате извршниот директор на групацијата „FCA“ и од неодамна прв човек на „Ferrari“, Серџо Маркионе, тој ќе ви каже дека вредноста на компанијата е околу 12 милијарди евра.

Економските аналитичари и експерти за автомобилскиот пазар сметаат дека „Ferrari“ вреди значително помалку.

Па така магазинот „Automotve News“ објави во јавноста сума од околу 5 милијарди евра, додека инвестициската компанија „Exane Paribas“ ја проценува компанијата на 5.5 милијарди евра.

Дека „Ferrari“ на слободниот пазар вреди 8.7 милијарди евра тврди компанијата „Barclays“, a италијанската банка „Akros“ смета дека вредноста на овој бренд е 7.2 милијарди евра.

Проценките кои ги објави една друга италијанска банка – „Mediobanca“, се движат помеѓу 7.1 и 8.6 милијарди евра.

Иако и меѓу експертите постојат несогласувања, нивните прогнози се далеку пониски од оние кои ги изнесе Маркионе. Сепак, вистинската вредност ќе биде позната во 2015-та година, кога, според најавите „FCA“, на продажба ќе бидат понудени 10 проценти од акциите на „Ferrari“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП