6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic со инвестиции до закрепнување

Panasonic со инвестиции до закрепнување

pana 23

Јапонската компанија „Panasonic“ последниве години е соочена со финансиски загуби и тешка финансиска реконструкција.

„Panasonic“ низа години беше познат бренд за производство на различни потрошувачки производи, особено ТВ уреди, но силната конкуренција и слабата побарувачка ја принуди компанијата да го промени работењето и да отпушти работници во текот на изминативе години.

Според пишувањето на „Wall Street Journal“, компанијата ќе воведе нова стратегија со цел повторно да постигне финансиски раст. Таа ќе започне со сеопфатна политика на различни стратешки вложувања и аквизиции.

Претседателот на компанијата, Казухиро Цуга, изјави дека компанијата ќе започне со „агресивна потрага чија цел се различни поврзувања и аквизиции, како и инвестиција во проекти со стратешки партнери“.

Еден од првите примери е вложување во соработка со компанијата „Tesla“ која е специјализирана за електрични автомобили, а меѓу останатото соработката вклучува и достава на батериите на „Panasonic“ за електричните возила директно во рацете на тој производител.

Panasonic“ голем дел од приходите ги добива токум од батериите за електрични возила, па поради тоа не е изненадувачка инвестицијата вредна неколку милијарди јени во фабриката „Gigafactory“ која се наоѓа на американско тло, а која ќе се занимава со истражување и производство на литиум-јонски батерии. Целта на компанијата е до 2019-та година да оствари профит од 90 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП