23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобро е, Германија закрепнува

Добро е, Германија закрепнува

germanija1

Германија во септември забележа силен раст на нарачките во клучниот сектор за механички инженеринг, соопшти индустрискта федерација „VDMA“.

Производството на машини е важен дел од германската индустрија и извозот, а вкупните нарачки во тој сектор во септември пораснале за 13 проценти на годишно ниво, при што извозните нарачки се зголемени за 24 проценти, додека домашните се намалени за девет проценти, наведува „VDMA“, пренесува агенцијата Франс прес.

Во септември е евидентиран значителен број на големи нарачки од земјите надвор од еврозоната, изјави главниот економист на „VDMA“ Ралф Вихерс.

На квартално ниво, во периодот јули-септември вкупните нарачки пораснале за пет проценти што е сигурен показател за движењето на побарувачката во однос на краткорочните месечни податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП