25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Косово почна редукција на струјата

На Косово почна редукција на струјата

strujadalekovodi5454

Падот на температурите ја обнови и редукцијата на електрична енергија на Косово, така што оддалечените села и помалите општини и натаму се во мрак и по десет часа, пишуваат денеска приштинските весници.

Во поголемите населени места дистрибутерот на електрична енергија, КЕДС, го применува системот три часа со струја и три часа без.

Интензивираната редукција на струја на Косово почна да се применува во неделата, а со ист интензитет продолжи и во понеделникот, пишува весникот „Зери“.

КЕДС потенцираше дека состојбата во енергетскиот сектор е загрижувачка. Според КЕДС тоа се случило поради тоа што во неделата од системот беше исклучен Блокот Б1 од термоелектраната „Косово Б“.

КЕДС додава дека поради исклучувањето на Блокот Б1, кој произведува 250 мегавати, како и поради неможноста за узвоз на електрична енергија ќе има големи редукции на струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП