18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомисијата за економски прашања го усвои финасискиот план на РКЕ за 2015...

Комисијата за економски прашања го усвои финасискиот план на РКЕ за 2015 година

regulatorna komisija energetika

Собраниската Kомисија за економски прашашања на денешната седница ги разгледа и едногласно ги усвои Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија (РКЕ) за 2015 година и Предлог одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности за финансирање на работењето на РКЕ за следната година.

„РКЕ за 2015 година има планирано трошоци во износ од 79.366.087 денари, а во буџетот за нардната година се префрлаат и 4.195.497 денари кои се вишок од оваа година. Во однос на годинашниот буџет на Комисијата се планира вкупно намалување на трошоците за 19,7 отсто во повеќе стапки, но има зголемување во делот на плати заради планираните две нови вработувања за зголемување на капацитетите на РКЕ, како и 14.902.600 денари за доизградба назградата во која ќе биде сместена Комисијата“, рече претседателот на РКЕ, Димитар Петров.

Тој посочи дека е предвидено новата зграда на Комисијата да биде готова кон крајот на третиот квартал од 2015 година, поради што во буџетот за наредната година се предвидени средства за кирии и трошоци за постојните канцеларии за првите девет месеци, а за последниот квартал од годината средства за одржување на новите простории.

„За обезбедување на потребните средства за доизградба на зградата и новите вработувања е пресметано дека процентот на зафаќање од вкупниот приход на енергетските компании за финансирање на РКЕ треба да изнесува 0,049 отсто што е повеќе од досегашните 0,043 отсто, но, пак, е помалку од максимално предвидените 0,1 отсто во Законот за енергетика“, рече Петров.

Пратеникот Љупчо Димовски посочи дека намалувањето на расходите во буџетот на РКЕ за 2015 година покажува дека Комисијата рационално располага со средствата и додаде дека со вселувањето во новата зграда значително ќе се намалат и расходите од кои голем дел одеа за кирии. Тој истакна дека процентот на зафаќање од 0,049 отсто од приходот на енергетсктие компании остварен во 2014 година за финасирање на РКЕ е одобрен и од Владата.

Комисијата на денешната седница одлучи да ги проследи на натамошна постапка во Собранието и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за угостителство, и за дополнување на Законот за приватизација на државниот капитал, и двата во второ читање.

Пратеничката Роза Топузова Кареска имаше забелешка во однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за угостителство, односно на одредбата за намалување на глобата од 3.000 до 6.000 евра на 200 евра.

Таа посочи дека во законот треба попрецизно да се каже дали намалувањето на глобата е за сите прекршоци, особено за прекршоците со кои се загрозува здравјето на потрошувачите, или се однесува само за казни на лице место за да не останува простор за манипулации.

На тоа заменик министерот за економија Христијан Делев и одговори дека се однесува за казните изречени на лице место за прекршоци од угостителската дејност и оти не ги исклучува другите дејности.

„За нив глобите се според дуги законски одредби и си остануваат“, рече Делев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП