25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Скопски саем од утре „Агрофуд 2014“

На Скопски саем од утре „Агрофуд 2014“

Agrofood saem 32

Компании од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и за првпат од Холандија од утре до сабота ќе се претстават на најстарата саемска манифестација „Агрофуд 2014“.

На 64-тиот „Агрофуд“ ќе бидат презентирани најновите достигнувања во областа на земјоделството како што се новите машини во земјоделската агромеханизација, разните видови вештачки ѓубрива, машините во индустријата за пакување и амбалажирање на храна и пијалоци, како и новините во конзервната индустрија, органската храна, хортикултурата….

За првпат годинава на изложбен простор од 100 метри квадратни ќе се претстават холандски компании со линии за сортирање на овошје и зеленчук, производство на иглолисни дрва, опрема и инсталации за преработка на жито, решенија за сточна храна, ѓубрива, заштита на посеви и начини за амбалажирање цвеќе во хортикултурата и земјоделството и.т.н.

Традиционално како дел од изложбената програма и годинава се Федерацијата на фармери на Македонија и Здружението на земјоделци. Свој изложен простор ќе има и општина Гази Баба на кој ќе се претстават неколку компании, а ќе бидат промовирани и активностите на општината.

Во рамки на манифестацијата во конгресниот центар на Скопски саем ќе се одржат и трибини посветени на менаџирањето на фарма преку информатичко-комуникациските технологии, на перспективите на прехранбената индустрија и адаптацијата на земјоделството кон климатските промени.

Саемот, како што е најавено, утре ќе го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и заменик амбасадорот на Холандија, Питер Верхејн.

Се очекува саемот да го посетат околу 15 илјади посетители кои ќе имаат можност да започнат или да ја продолжат соработката со компании од регионот.

Саемот ќе биде отворен од 10 до 18 часот, а влезот е бесплатен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП