19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan произведе 2 милиони примероци на Qashqai во Европа

Nissan произведе 2 милиони примероци на Qashqai во Европа

nisan 2 milioni

Осум години откако беше претставена првата генерација на кросоверот на „Nissan“, од производните ленти од погонот во Сандерленд излезе двемилионитиот примерок на „Qashqai“.

Јубилејниот примерок припаѓа на втората генерација на овој модел, која премиера имаше на крајот на 2013-та.

„Qashqai“ за европскиот пазар се изработува во фабриката на „Nissan“ во Сандерленд, а јапонскиот производител истакнува дека за развојот и подготовката за производство на овој модел вложил 534 милиони фунти (околу 680 милиони евра), и дека во процесот на изработка, од деловите па се до завршниот производ, само во Велика Британија се вклучени 11.000 работници.

Од 2 милиони возила колку се направени во Сандерленд, 85% се извезени на пазарите во 132 земји ширум светот.

nisan 2 milioni1

„Nissan Qashqai“ е единствениот модел на некој неевропски производител на автомобили кој се најде на листата 10 најпродавани модели во Европа во 2012-та и 2013-та година, а втората генерација на ова возило е прогласено за автомобил на годината 2014-та во избор на британскиот авто-магазин „WhatCar?“.

Покрај во Велика Британија, „Qashqai“ се произведува и во Јапонија и Кина, а досега во сите три фабрики се изработени околу 2.5 милиони примероци.

Oд 2015-та година, „Nissan Qashqai“ ќе се произведува и во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП