25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната да учи од балтичките држави

Еврозоната да учи од балтичките држави

euroeuroinflation5464

Еврозоната ризикува да го изгуби економскиот момент и да го одложи закрепнувањето, доколку владите на нејзините членки не ги подржат монетарните стимулации на Европската централна банка (ЕЦБ).

Тие мерки се потребни да се спроведат со помош на фискални и структурни мерки за поттикнување на економскиот раст, изјави членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Беноа Кер.

„Ако не биде формиран соодветен микс од монетарни, фискални и структурни мерки кој би ја зајакнал довербата, потрошувачкта и инвестициите, повторно ќе се најдеме во опасност од економско кочење и одложување на закрепнувањето“, изјави Кер. Тој ги повика владите во еврозоната брзо да покренат реформи кои се неопходни за зајакнување на економијата, пренесува Ројтерс.

„Од гледна точка на ЕЦБ, ние сме комплетно посветени на својата улога во тој микс, односно враќањето на инфлацијата на ниво блиску до два проценти“, додаде тој.

Искуствата стекнати во текот на кризата во еврозоната, како и прилагодувањата спроведени во балтичките држави покажуваат дека одлучните и брзи реформи носат подобри резултати од постепено воведените мерки, изјави Кер пред новинарите во Никозија, додавајќи дека конкретно на Кипар му е потребно итно да ги усвои законите кои би овозможиле забрзана реструктура на долговите на приватниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП