3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC очекува казна поради манипулирањето со девизните курсеви

HSBC очекува казна поради манипулирањето со девизните курсеви

Fea0007571_19.JPG

Британската банка „ HSBC “ забележа мешовити резултати во третиот квартал, велејќи дека одвоила 378 милиони долари (302 милиони евра) за спогодба со британските финансиски власти поради обвинението дека манипулирала со девизните курсеви.

Банката која најголемиот дел од работењето го обавува во Азија наведува дека е во преговори со британската Управа за контрола и надзор на финансискиот сектор (FCA) и дека очекува значителна казна, пренeсува агенцијата Франс прес.

Конкурентските банки „Royal Bank of Scotland“ и „Barclays“ минатата недела исто така издвоија големи суми на име на очекуваните казни поради повеќе истраги околу местењето на цените на девизните пазари. „HSBC“ навеува дека соработува со „FCA“ во истрагата.

Банката наведува дека во три месеци, заклучно со септември, профитот по оданочувањето е зголемен за седум проценти на годишно ниво на 3,43 милијарди долари, иако заработката пред оданочувањето е намалена за 12 проценти на 4,4 милијарди долари, поради еднократните трошоци од 1,7 милијарди долари. Приходите во дадениот период мирувале на 15,57 милијарди долари, додава „HSBC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП