21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА6 знаци кои покажуваат дека сте работохолик

6 знаци кои покажуваат дека сте работохолик

workaholicpic

Просечниот работохолик обично ги запоставува своите пријатели и хоби, а работата станува најважното нешто во неговиот живот.

Работохоличарството или компулсивното работење, е зависност како и секоја друга зависност, а во некои култури и општества е облик на однесување кој се почитува.

Но, како и кај секоја друга зависност, последиците может да бидат многу погубни за здравјето, социјалниот живот и најблиските.

Имате причина да се загрижите ако…

Не си признавате на себеси  дека премногу работите

Слично како и со останатите зависности, работохолиците одбиваат да признаат дека имаат проблем и го избегнуваат разговорот на таа тема. Наместо тоа, обидете се да ги рационализирате своите постапки и не наоѓајте изговор за своето опсесивно однесување.

Уплашени сте

Многу работохолици ќе ја оправдаат компулсивната работа со објаснувањето дека не работат затоа што сакаат, туку затоа што мораат. Но, ова е само добронамерен механизам. Во основата се наоѓа стравот од загубата на работа или финансиската нестабилност, а можно е причината да е и некој личен проблем.

Имате недостаток на самодоверба и работата прави да се чувствувате подобро

Работата понекогаш е одличен начин луѓето да се изборат со недостатокот на самодоверба кога често не се ни свесни за тоа. Тие, чувството дека се потребни и важни го остваруваат со работата. Сосема е во ред ако работата е еден од изворите на среќа за поединецот, но никако не е пожелно да стане единствениот извор на среќа.

Не сте среќни во домот

Работохолиците умот постојатно го окупираат со работа со цел да заборават на неисполнетиот живот во домот. Во прашање е „волшебен“ круг, бидејќи повеќе работа значи помалку време за раст и напредок во некои други животни сфери, што предизвикува поголемо незадоволство со себе си, па така и повеќе работа со цел тоа чувство да се потисне.

Не знаете кој сте надвор од работата

Работохолиците силно се идентификуваат само со својата работа. Нивната работа станува нивниот идентитет.

Не успевате да остварите баланс во животот

Во некои случаи, работохолиците го сакаат она што го работат, а понекогаш побеќе од било што друго, вклучувајќи го и сопственото семејство. Она што е најголем проблем, е всушност тоа што не умеат да остварат баланс помеѓу приватниот и деловниот живот и тоа го покриваат со компулсивната потреба за работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП