26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата „двојка“ пристигна во Европа (фото)

Новата „двојка“ пристигна во Европа (фото)

eu mazda

„Mazda“ вчера во Барселона ја претстави новата „двојка“ за европскиот пазар, а јапонскиот производител ја искористи сценографијата на најголемиот каталонски град за нови промотивни фотографии на овој модел.

По премиерите кои се одржаа во Јапонија и САД, и прогласувањето за автомобил на годината на домашниот пазар, новата „Mazda2“ пристигна и на европскиот континент.

„Mazda“ истакнува дека новата „двојка“ е опремена со системот „Active Driving Display“ – првиот „head-up“ дисплеј во оваа класа, но и со нов сет на безбедносни системи, „i-ACTIVSENSE“, кој вклучува и систем за надзор на мртвите агли „BSM“ (Blind Spot Monitoring).

eu mazda1

Купувачите во Европа ќе бидат во можност да изберат еден од четирите мотори. Понудата на бензинци се состои од три верзии на 1.5-литарскиот „SKYACTIV-G“ мотор со 55 kW/75 KS, 66 kW/90 KS и 85 kW/115 KS.

Нивната фабрички декларирана просечна потрошувачка се движи во опсег од 4,5 до 4,9 l/100 km, a емисијата на „CO2“ од 105 до 115 g/km.

eu mazda2

Засега едниствениот дизел е новиот 1.5-литарски „SKYACTIV-D“ кој произведува 77 kW/105 KS и максимален вртежен момент од 220 Nm. Според фабричките податоци, овој дизел во просек троши 3,4 l/100 km со „CO2“ емисија од 89 g/km.

Kога станува збор за преносните системи, моќта на предните тркала се дистрибуира преку „SKYACTIV-MT“ мануелниот менувач со 5 и 6 степени на пренос или со помош на шестбрзнискиот „SKYACTIV-DRIVE“ автоматски менувач.

eu mazda3

Најдобри перформанси има бензинскиот модел со мотор од 115 ks и шестстепен мануелен менувач, кој од 0 дo 100 km/h забрзува за 8,7 секунди и развива максимални 200 km/h.

Почетокот на продажбата во Европа е закажан за 2015-та година, кога ќе биде позната и цената на новата „Mazdа2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП