6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо третиот квартал AIG оствари подобри резултати од очекуваните

Во третиот квартал AIG оствари подобри резултати од очекуваните

aig berza 5

„American International Group“ (AIG) објави подобри од очекуваните квартални финансиски резултати.

Осигурителната компанија забележа 1.21 долари заработка по акција, со исклучок на еднократни одбивања, кај приходи во износ од 8.63 милијарди долари. Оперативната добивка по оданочување се зголеми за 23% на годишна основа, во споредба со истиот период од пред една година порано, или до 1.7 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа компанијата да објави 1.09 долари заработка по акција при приходи во износ од 8.6 милијарди долари.

По објавувањето на извештајот акциите на „AIG“ поскапеа со над 1% во на њујоршката берза. Во третиот квартал „AIG“ исто така имаше реоткуп на 24.8 милиони обични акции.

Создадена во 1967-та година, „AIG“ обезбедува осигурителни услуги на над 90 милиони клиенти во целиот свет. Во септември поранешниот шеф во „JPMorgan Chase“, Питер Д. Хенкок го наследи Роберт Бенмоше како претседател и извршен директор на „AIG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП